Свесност  –  Чекор 12 од 20

Суспензија на свесноста

Што се случува кога ЈАС ќе остане заробено во менталната димензија?

Се случува суспензија на неговата свесност.

Како резултат на таа суспензија, во голема мера се губи свесното чувство на “Јас сум тука”.

Тоа значи дека ЈАС постепено преминува од свесен во не-свесен облик на постоење.

Со тек на време, ЈАС се заборава како свесно присуство и почнува тотално да го променува начинот на кој се доживува себеси.
Во исто време се променува и начинот на кој ја доживува реалноста.

Зошто?

Затоа што во менталната димензија животот се живее преку умот, низ неговите филтри и неговите постојани интерпретации.

На пример:

Додека возиш автомобил, често во нас постои еден внатрешен глас што постојано ги коментира другите возачи.

Ако некој вози поспоро, гласот веднаш може да каже:
“Овој не знае да вози.”

Ако некој вози побрзо, тогаш:
“Овој е луд, брза без врска.”

Ако некој не тргне веднаш на зелено:
“Види го бе, заспа.”

И колку повеќе време поминуваме во умот, толку посилна станува оваа состојба на не-свесност.

Но зошто велиме дека животот во менталната реалност во голема мера е не-свесен?

Затоа што тој што престојува во неа, ја губи свесноста за себе.
Ја губи присутноста.

Па така човекот продолжува да живее, да оди на работи, да зборува, да планира, но сето тоа без вистински да биде присутен во сопствениот живот.

И тука сега се појавува едно многу важно прашање.

Ако ЈАС ја изгубило својата свесност и почнало да живее преку умот…
тогаш кој точно го живее мојот живот?

Хмм.

Дали јас навистина живеам?

Или мојот живот се одвива низ автоматски мисли, реакции и навики?

Има ли некој “дома”?

Твој напредок
60%