Свесност – Чекор 11 од 20
Созревањето на умот
Развиениот ум не е важен само за практичниот живот, туку е и многу значаен во духовниот развој.
Зошто?
Затоа што развиениот ум може да “држи” поголема свесност.
А таа свесност му овозможува на човекот подлабоко да ја осознае својата духовна природа.
Само развиен ум може повторно да се запраша:
Кој сум јас навистина?
Умот и мозокот се тесно поврзани.
Тие се како хардвер и софтвер, едно без друго не може да работи.
Па така кога мозокот созрева, умот добива нови способности.
Но тука се случува и едно интересно изненадување.
Колку повеќе созрева мозокот, толку посилна станува “магнетна сила” на умот.
Сила која го “влече” ова ЈАС во менталната реалност.
Па така, со тек на време, станува сè потешко да се излезе од умот.
За разлика од детството, кога излегувањето од умот е многу лесно, со созревањето на мозокот тоа станува речиси невозможно.
На овој начин ЈАС станува заробеник во менталната димензија.