Избери сесија

Ослободување на внатрешната тежина и враќање во состојба на мир.

1️⃣ Единечни сесии

👉 Започни со една сесија

🔵 Тивка сесија – длабока работа во тишина

Ослободување на далечина, без потреба од зборување

Најчесто избирана

Ова е за луѓе кои:
  • не сакаат да зборуваат
  • немаат време
  • не се чувствуваат комфорно 1:1
  • сакаат нешто “ненаметливо”
  • живеат надвор од Битола
Како функционира
  1. Избираме време
  2. Сесијата се одвива (30-40 минути)
  3. Ти можеш:
    – да одмараш
    – да лежиш
    – или да продолжиш со денот
  4. По сесијата, добиваш краток опис што се ослободило
Ова можеби звучи необично

И нормално е да имаш сомнеж.
Но ова не е нешто што треба да го разбереш, туку нешто што се искусува.

Цена: 1.800 ден.

👉 Прва сесија: 1.500 ден
(само еднаш по клиент)

(Не мора да бидеш онлајн за време на сесијата)

Реално искуство од тивка сесија на далечина:

„После јога се чувствував толку лесно и опуштено што мислев дека е од часот…ама после ја видов пораката за сесијата.“
— Симона

🟢 Лична сесија

Достапно во живо во Битола

Како изгледа сесијата
  • разговор (доколку има потреба)
  • тивка работа (јас работам, ти се релаксираш)

Сесијата започнува со краток разговор, доколку чувствуваш потреба да споделиш нешто. Потоа навлегуваме во процес на внатрешно смирување и ослободување.

⏱ траење: 50-60 минути

Цена: 2.500 ден.

👉 Прва сесија: 2.000 ден
(само еднаш по клиент)

(Не мора да знаеш што да кажеш, ќе те водам низ целиот процес)

2️⃣ Процес

👉 Или започни со процес

🌿 Процес во 6 сесии (препорачана опција)

За оние што сакаат подлабока промена.

Еднаш неделно, 6 последователни сесии. Постепено се ослободува внатрешниот притисок и тежина, и природно се отвора просторот на срцето.

Како изгледаат сесиите:
  1. Ослободување на притисок
  2. Ослободување на тежина
  3. Отворање на срцето I
  4. Отворање на срцето II
  5. Отворање на срцето III
  6. Интеграција

👉 По овие 6 сесии, по потреба може да се продолжи со единечни сесии.

Избери тип на процес:
🔵 6 тивки сесии:10.800→9.000 ден.
🟢 6 лични сесии:15.000→12.000 ден.

(Овој процес е наменет за оние што чувствуваат дека се подготвени да одат подлабоко, не само да пробаат една сесија.)

Реално искуство од процес на далечина:

„После сесиите забележувам поголема одлучност при донесување одлуки.
Се појавува чувство на среќа и исполнетост без разлика на надворешните настани.
Исто така сум многу посвесна за околината и комуникацијата, и имам поголема почит кон себе.“
— Биљана

Повеќе искуства на клиенти

Прочитај различни искуства

👉 Искуства

Како изгледа реален процес

Прочитај како изгледа искуството на една личност која помина низ повеќе сесии.

👉 Реален процес

Често поставувани прашања

Прашања кои даваат повеќе одговори

👉 Чести прашања

Напомена

Овој процес не заменува медицински или психолошки третман, туку претставува поддршка за внатрешна рамнотежа и личен развој.