ЗА МЕНЕ

Кој сум јас?

Јас сум Тони Митревски..
Последните 20 години имав длабоки искуства кои ми го променија животот и ме научија како изгледа духовното будење одблизу.

Овој серијал е мојата желба да го споделам тоа со сите што бараат нешто повеќе од овој свет.

Помеѓу логиката и интуицијата

По професија сум програмер, иако активно веќе повеќе години не се бавам со програмирање.
Сепак, ги задржав главните програмерски одлики: аналитички и логички ум, внимание на детали и структура.

Паралелно со тоа, свесно го негувам и интуитивниот аспект на умот, односно ја развивам својата интуиција, која во морето од информации ме води низ вистинските насоки.

Што е интуицијата?

Интуицијата е способност за непосредно насетување, проникнување во смислата на нештата и појавите, без логичко расудување, како претчувство.

Како што вели Никола Тесла:

„Интуицијата е нешто што е пред точното знаење. Нашиот мозок несомнено поседува високо чувствителни нервни клетки кои ни овозможуваат да ја почувствуваме вистината, дури и кога таа сè уште е недостапна за логички заклучоци или други ментални напори.“

И токму следејки ја таа интуиција, сум дошол до многу интересни сознанија кои денес сакам да ги споделам со сите вас и да ви претставам една малку поинаква слика на реалноста, односно една малку поинаква духовност, во однос на таа што досега сте навикнати.

Различни луѓе – различни доживувања

Овие сознанија кај некого ќе делуваат просветлувачки, кај некого само интересни, а кај некого можеби и досадни.

И тоа е во ред.
Секој човек има свои интереси и свое ниво на свесност.

Душата – центарот на мојата духовност

Секако најголемото сознание за мене е постоењето на битието Душа и токму таа ќе биде центарот или столбот на мојата духовност.

Некои од вас можеби ќе се запрашаат, зошто никој до сега на зборувал за Душата или пак многу ретко се случува тоа?

Според мене, затоа што душата е најмистериозниот дел од духовноста и воедно најтежок за осознавање. 

Како се спознава Душата

Друг проблем е тоа што душата може да се почувствува делумно и со различен интезитет:

  • како љубов, 
  • како присуство, 
  • како тишина, 
  • како свесност, 

Но за да се спознае целосно, потребна е многу висока духовна свесност и исклучителна зрелост на личноста, која не се достигнува лесно.

Духовната свесност

Свесноста е нешто слично како интлегенција, па според тоа различни луѓе имаат различно ниво на свесност.

Како еден човек ја перцепира реалноста директно зависи од степенот на неговата свесност.

За апсолутната вистина

Важно е да нагласам дека се што споделувам не треба да се земе како апсолутна вистина, бидејќи тоа што кажувам е одраз на отвореноста или висината на мојата свесност во моментот на создавање на овие видеа и текстови.

Со тек на време, овие согледувања природно ќе се менуваат и ќе се продлабочуваат.

Кога зборувам од умот, а кога од срцето

Во моите обраќања понекогаш зборувам од умот, а понекогаш од срцето.

Кога зборувам од умот, тоа ќе биде нормална секојдневна конверзација и нема тука ништо невообичаено. 

Кога зборувам од срцето е малку поинаку, зборовите доаѓаат со паузи, емоции и спонтаност, затоа што немам припремено текст и јас самиот не знам што ќе излезе. 

На некој начин срцето си е посебен центар и јас како личност немам контрола врз тоа. 

Или поинаку кажано, кога зборувам од срцето не зборувам јас, туку можеме да кажеме дека зборува мојата душа!

Патот на Душата

Како резултат на сето ова искуство, ми се се роди желба да го елаборирам мојот духовен пат и да претставам една мапа, која што ќе служи како патоказ или ќе ни дава ориентација до каде сме во духовноста и кои се препреките што треба да ги надминеме.

Сакам да напоменам дека овој мој пат не зависи од ниедно постоечко учење и воглавно духовноста која што сакам да ви ја претставам, е лично моја и го претставува патот кој што јас го одам, за повторно да стигнам до мојата душа.

Зошто “Патот на Душата“

Велам повторно бидејќи еднаш веќе сум го поминал, но тогаш бев млад и неподготвен да се носам со моќните божествени енергии на Душата. Сепак ова мое искуство укажува на една многу важна работа. Не е само битно да стигнеш до изворот, туку битно е да стигнеш подготвен за тоа.

Но сега чекорам како човечко и духовно позрело битие.

Затоа решив да го именувам како Патот на Душата.

Каде сум сега

Важно е да се напомене дека овој пат јас го одам сам и сеуште го немам цеосно изодено, но сепак имам многу добро претстава за тоа каде се наоѓам и која е мојата вистинска цел.

Покана

Благодарам што ме читате.
Ако оваа насока допира нешто во тебе, добредојден си да чекориме заедно.

👉 Следи го Патот на Душата” на следните платформи: