Свесност – Чекор 4 од 20
Присутност - да се биде во сегашниот момент
Пред да навлеземе подлабоко во истражувањето и да почнеме да зборуваме за нашите различни состојби на свесност, важно е да го разјасниме поимот Присутност.
Што значи Присутност?
Присутноста е состојба во која сведочиме што се случува во сегашниот момент, без да се изгубиме во мислите.
Без да залутаме некаде во минатото или во плановите за нашата иднина.
Тоа е состојба во која животот го перцепираме директно, преку сетилата.
Гледаме.
Слушаме.
Чувствуваме.
А умот е тивок, или барем повлечен од постојаните коментари.
Во таквите мигови имаме јасно чувство дека сме “тука”.
Присутни.
Сите ние имаме моменти на присутност во текот на денот. Иако обично тие не се многу долги.
Кога сме присутни, велиме дека живееме во сегашниот момент.
Односно живееме во единствената реалност, што навистина постои за нас.
Но тука се појавува едно многу важно прашање:
Каде живееме кога не сме присутни?
Кога не сме присутни, претојуваме во мислите.
Односно, “живееме во умот”.