Свесност  –  Чекор 5 од 20

Свесен и Не-Свесен живот

Кога сме присутни, постоиме во директната, жива реалност.

Кога не сме присутни, постоиме во умот, во менталната реалност.

На прв поглед може да изгледа како мала разлика, но всушност станува збор за два сосема различни облици на постоење.

Таа разлика особено доаѓа до израз, откако ќе почнеме повеќе време од денот да поминуване во присутноста.

Првиот Oблик: Свесен Живот

Кога си присутен, првото нешто што го забележуваш е дека си свесен.

Свесен за себе.
Свесен за своето тело.
Свесен за околината.

Но највпечатливата работа за присутноста е:
Кога сме присутни, ние имаме јасно и свесно чувство на “јас сум тука”.

Во тие мигови, ние не размислуваме за животот, туку го доживуваме.

Момент по момент.

Овој начин на живот се вика Свесен Живот.

Вториот Oблик: Не-Свесен живот

Тука сакам да поставам едно искрено прашање:

Дали ова истото, свесно чувство на “јас сум тука”, го имаме кога ќе влеземе во умот?
Кога сме целосно зафатени од мисли, анализи, грижи, сценарија?

Хмм…
Не.

Значи кога сме во умот, ние немаме свесно чувство дека сме тука.

Го губиме чувството на присутност.

Кога сме во умот, нашето внимание е апсорбирано од мисловниот процес.
Мислите си течат, а ние не-свесно ги следиме.

Но дали животот кој го живееме, а притоа немаме свесност дека сме тука, можеме да го наречеме свесен живот?

Паа, потешко.

И баш тука треба да започне вистинската трансформација. Тоа е моментот кога ќе сфатиме дека поголемиот дел од животот сме го живееле како не-свесен живот.

Кога велам не-свесен живот, не мислам на осуда, туку на живот во кој свесноста не е активна.

Твој напредок
25%