Свесност – Чекор 3 од 20
Сегашен момент - што претставува тоа?
Сите ние, пловејќи низ реката на животот, доживуваме различни искуства кои се запишуваат во нашата меморија.
Тие изминати моменти постојат како сеќавања во нашиот ум.
Тоа е нашето минато.
Минатото не постои како жива реалност, затоа што е составено од моментите кои веќе завршиле.
На сличен начин, не постои ниту иднината, бидејќи таа е составена од моменти кои допрва треба да се родат.
Но ако не постои минатото и не постои иднината, што тогаш постои?
Постои еден единствен, жив момент, што се случува токму…Сега!
Овој момент го викаме “Сегашен Момент” или скратено “Сега”.
Тој секогаш ја претставува невидливата границата, помеѓу тоа што веќе поминало и она што допрва ќе биде.
Ако логички размислеме, можеме да заклучиме дека за нас, луѓето, овој момент е единствената реалност што навистина постои.
Зошто?
Затоа што никогаш не искусуваме минато и никогаш не искусуваме иднина.
Сè што некогаш искусуваме, се случува Сега.
И затоа можеме да кажеме:
Сегашниот момент не е дел од реалноста.
Тој Е реалноста.