патот на душата
Видео серијал и текстови за духовно будење, свесност и внатрешна тишина
Духовно патување
Таа е нашата вистинска матична држава, додека човекот е нејзината амбасада во материјалниот свет. Повеќето од нас живеат како да се одвоени, заборавајќи кој ги испратил тука и зошто. Но кога ќе се воспостави свесниот контактот со душата, се добива смисла.
“Патот на Душата” е пат на будење, на сеќавање дека не сме само ум и тело, туку и нешто многу поголемо, нешто многу позначајно.
Тоа е внатрешно патување од состојба на страв и егоцентрични желби, кон состојба на љубов, мир и соединување со сопствената суштина. Тоа е процес во кој ние еволуираме и преку секоја животна препрека добиваме можност за издигнување.
Овој вебсајт и целото мое обраќање, се посветени токму на тоа. Да се осветли овој пат, да се поддржи твојата желба за духовна зрелост и да се помогне да ја пронајдеш таа внатрешна поврзаност што веќе постои, но можеби е заборавена.
Ќе зборуваме за:
- Душата: Кој сме ние во неа, но и таа во нас?
- Свесност: Што е тоа Свесност и кој е свесниот дел во нас?
- Емоции: Како настануваат и што сакаат да ни кажат?
- Духовна мапа: Како изгледа нашата внатрешна еволуција?
- Бог и Универзумот: Каква е нивната поврзаност со нас?
Ќе зборуваме и за препреките бидејќи секој духовен раст вклучува и болка, кризи, загуби и искушенија. Но тие не се тука за да не скршат, туку да не изградат, да не трансформираат во подобра верзија на себеси.
Верзија на “Јас” која ќе поседува своја автентична индивидуалност, но пропратена со одредени квалитети на личноста, како следниве:
- Висока свесност
- Емоционална зрелост
- Отворено духовно срце
- Смиреност
- Понизност
- Љубов
- Благодарност
Овој пат воопшто не е лесен, но е длабоко благороден и секој од нас веќе оди по него.
Прашањето е:
Дали си подготвен да почнеш да го одиш свесно?
Кој сум јас
Јас сум човек кој одамна почувствува дека животот има слоеви кои не можат да се опфатат само со логика, рутина и секојдневие.
Пред повеќе години се запрашав "Кој сум јас навистина?" и тогаш е моментот кога започна моето духовно будење, тивко, но длабоко. Тој глас се уште ме води.
Не сум ниту учител, ниту гуру.
Јас сум истражувач на духовноста, како индивидуално искуство. Моите видеа не се наменети да ве убедат, туку да ве поттикнат. Сакам да споделам со вас се што научив, без догми, без идеологии, туку преку човечка искреност.
Мојата средба со душата
Погледни ги следниве видеа за да дознаеш како ја доживеав мојата блиска средба со сопствената душата:
Ако не сте ги гледале претходните видеа, топло ви препорачувам прво нив да ги погледнете. Инаку, ова што ќе го споделам сега, можеби нема...
Ако ве допре таа музика... ако почувствувавте топлина во градите...тоа е одличен знак…имате активна конекцијата со вашата душа.
Јас сум имал неколку средби со мојата душа, но една од нив имаше посебно значење и делуваше просветлувачки на мене за многу духовни прашања.
Мои кратки мисли
Безусловна љубов
Безусловната љубов има едно барање од нас:
меко и отворено срце.
Пат до Бог
Постои само еден пат до Бог.
Пронаоѓање на љубовта ВО СЕБЕ
и тотално предавање на истата.
Со целото свое битие.
Вредности
Се дури не го погледнеш животот преку срцето,
не знаеш која е неговата вистинска вредност.
Перспектива
Од духовна перспектива воопшто не е важно
колку сме успешни, паметни, убави, богати.
Важно што сме направиле
за добробит на другите луѓе
Детето во себе
Ако си дозволиш да го следиш срцето,
повторно ќе го сретнеш детето во себе!
Полно со радост, игривост и љубопитност.
Духовни текстови
Прочитај дел од моите текстови инспирирани од допирот на душата
Јас, Душа, Љубов
Кога ќе ја читаме ова песна, направете го тоа без брзање, од состојба на смиреност и опуштеност, за да ги почувствувате зборовите со срцето, а не само со умот. I am in love...
Раѓањето на Душата
Како продолжение на претходниот пост, сакам да напишам нешто повеќе за Душата и да објаснам што всушност е тоа. Според мене, Душата е најмистериозниот дел од духовноста и воедно...
Од умот до срцето
Слези од умот во срцето, Отвори го, чувствувај. Ќе забележиш дека животот добива сосема друга димензија. Набрзо ќе сфатиш дека сите проблеми ни се во главата и повеќето од нив...