Како продолжение на претходниот пост, сакам да напишам нешто повеќе за Душата и да објаснам што всушност е тоа.
Според мене, Душата е најмистериозниот дел од духовноста и воедно најтежок за спознавање.
Јован 3:5 MKB
Исус му одговори: “Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.”
Со овој цитат, Јован укажува како изгледа раѓањето на душата, но од некои причини не е многу прецизен во своето објаснување.
За да се роди душата потребни се неколку работи, а најважен е степенот на еволуција на “Me”(Јас)
Ако ова Јас е доволно еволуирано, тогаш е способно да го овозможи раѓањето на својата душа. Во спротивно и понатаму ќе се враќа во ова димензија преку процесот на реинкарнација, се додека не се издигне доволно високо.
Под “издигање високо” се подразбираа развивање на неколку квалитети на личноста кои што треба да ги поседува ова Јас.
Тие се: Свесност, нежност, мекост, понизност, бестрашност…можеби уште неколку други шо не ми текнуваат во овој момент.
Најтешко се развива свесноста и ако не сме во состојба да ги контролираме своите мисли, тогаш нашата свесност не е комплетно развиена.
Таквата еволуирана личност, треба да се постави себе си во состојба на предавање, за да може прво да влезе во апсолутот, а подоцна со поголем интензитет на предавање да стигне и до Божјото царство.
Во моментот кога ќе стигне ова Јас во Царството, неговата работа е завршена.
Понатаму презема Духот и со помош на водата ќе го овозможи раѓањето на Душата.
Но на ова Душа за да почне да го живее својот бесмртен живот и е потребно тоа Јас.
Без тоа Јас, нема ништо.
Во овој процес, што јас го викам божествена алхемија, од два дела се создава еден, односно доаѓа до спојување на Јас со неговата Душа во едно ново Битие.
Овој духовен чин за човекот претставува Просветлување, а истиот чин за Душата претставува раѓање.
Сакам да напоменам дека ова го кажувам од лично искуство, кое што ми се случи еден ден, ден кога Бог се смилува на мене и реши да ја задоволи мојата духовна радозналост.
Ти благодарам Господе.