Од умот до срцето

Слези од умот во срцето,
Отвори го, чувствувај.
Ќе забележиш дека животот добива сосема друга димензија.
 
Набрзо ќе сфатиш дека сите проблеми ни се во главата и повеќето од нив се сосема имагинарни, што би било, кога би било…
 
Па како ќе најдеш решение за непостоечки проблеми?
Ама нема везе, умот сака да се спреми за секоја можна варијанта и ќе те измачува по цел ден.
 
Утре пак така!
Задутре пак!
И така си врват деновите,
И така си врват годините,
И така си врви животот!
 
На крајот ќе си го поставиш прашањето:
Кој го живееше мојот живот?
Јас не сакав да биде вака, јас сакав да бидам среќен, да живеам мирно, да живеам исполнето.
 
Што се случи?
Се случи тоа што му ја дадовме контролата на нашиот ум и тој место добар слуга, стана лош господар.
 
И не само тоа, туку се претвори во една врста на “див коњ” кој повеќе ниту се тера, ниту се води, нити пак самиот знае кај тера!
Нашиот ум тотално не пороби!
 
Има ли решение?
Да има!
 
Решението е да успориш.
Успори и застани.
Што и да правиш, застани.
Одмори се.
Поседи си малку во тишина.
Не му давај толкава важност на своите мисли, не ги сфаќај сериозно.
 
Научи се да живееш во неизвесност.
Научи се да ја предадеш контролата.
Дозволи му на животот да тече слободно.
 
Ако не можиш, побарај го Бог!
Дај му ги него сите твои проблеми и
поседете си заедно во тишината.
Помоли се!
 
И пробај да слезиш од умот во срцето,
Отвори го, чувствувај.
Ќе забележиш дека животот добива сосема друга димензија.