Свесност  –  Чекор 19 од 20

Утврдување во свесноста

Повеќето луѓе живеат во состојба на целосна идентификација со својот ум, а со тоа и со своето Ментално Јас.

Тоа значи дека тие се целосно “споени” со своите мисли.
Тие не се свесни дека размислуваат, туку едноставно се носени од текот на мислите.

Ако умот им каже “Ништо не вредиш”, тие не ја набљудуваат таа мисла, туку стануваат таа мисла.
Така, мислата се вградува во сликата за себе и станува дел од идентитетот што го одржува Менталното Јас.

Будењето на Свесното Јас не значи автоматско ослободувње од стегите на Менталното Јас, но значи можност за негово осветлување, а со тоа и можност за негова трансформација.

Бидејќи Менталното Јас држи голем дел од нашиот психолошки идентитет, колку повеќе го осветлуваме, толку повќе внесуваме свесност во нашето постоење.

Несвесното постепено станува свесно.

Со тоа започнува транзицијата од несвесно кон свесно битие.

Таа транзиција од Ментално кон Свесно Јас ќе ја наречеме утврдување во свесноста.

Утврдувањето во свесноста не е нешто што се случува преку ноќ, туку долготраен процес што бара дисциплина, истрајност и внатрешна посветеност.

Но најважната работа е тоа што овој процес бара длабока зрелост на нашето Ментално Јас, за да може да ја сфати лимитираноста на своето постоење.

Да сфати дека, освен ставање на себеси во служба на својата повисока духовна природа, ништо друго нема смисла.

Ова треба јасно да биде согледано.

Целта на утврдувањето во свесноста е да го преместиме тежиштето на нашето постоење од Менталното во Свесното Јас, и со тоа Свесното Јас да стане нашиот примарен центар.

Колку повеќе успеваме во тоа, толку повеќе стануваме свесно битие.

Твој напредок
95%