Свесност – Чекор 18 од 20
Будење на Свесното Јас
Но во текот на нашата еволуција доаѓа момент кога ЈАС почнува да се одделува од мислата.
Со тоа оделување престанува нашата целосна идентификација со мисловниот процес. Престанува и нашата целосна идентификација со Менталното Јас.
Во моментот кога ќе се случи оваа дистанца од мислата, веќе постои нешто што не е ум.
И токму тој момент го означува почетокот на будењето од менталниот сон.
Некој се буди и почнува да набљудува.
Мислите и понатаму постојат.
Емоциите и понатаму се појавуваат.
Животот продолжува како и досега, со сите свои ситуации, но сега постои нешто ново:
Постои НЕКОЈ што сето тоа го гледа.
Тој некој е нашето Свесно Јас.
Тоа не е нова или подобрена верзија на Менталниот Јас.
Не е нов ментален идентитет.
Не е нова ментална слика.
Тоа е првиот чекор кон едно подлабоко ниво на постоење, свесно постоење.
Во исто време, тоа е и моментот кога Менталното Јас за прв пат станува видливо.
Со тоа добиваме вистинска можност за негова трансформација, бидејќи сега постои некој кој што го сведочи неговото дејствување.
Будењето на Свесното Јас е многу значаен чекор во нашата еволуција.
Затоа што неговото присуство ни овозможува да не се идентификуваме веднаш со мислата. Ни овозможува да ги забележиме автоматските реакции, да препознаеме кога Менталното Јас ја презема контролата.
За прв пат во нашата еволуција имаме можност за свесен избор, наместо несвесен автоматизам.