Свесност  –  Чекор 15 од 20

Идентитети - суштината на Менталниот Јас

Ако побараме од некој човек да одговори на прашањето:

“Кој сум јас?”

најчесто ќе добиеме одговори како овие:

Јас сум маж, татко, брат, колега, адвокат, доктор…
или
Јас сум мајка, сопруга, ќерка, сестра, колешка, другарка…

Понатаму можни одговори:

Јас сум битолчанец, скопјанец, Македонец, Албанец,…
Јас сум верник, скептик, атеист…

Сè со што се идентификуваш, се твои идентитети.

Но ова не значи дека идентитетите се погрешни, туку дека е важно да бидеме свесни кога се идентификуваме со нив.

Преку нив учиме кои сме во светот и каде припаѓаме.

Тие имаат важна улога во првиот дел од еволуцијата на човечката свесност, создавање на зрело Ментално Јас.

Прашања за размислување:

Дали овие идентитети се конечни?
Дали можат да се променат?
Дали некои од нив можат целосно да отпаднат?

Како се создаваат идентитетите?

Да разгледаме еден мој личен пример од детството.

Јас кога бев мал, на возраст од околу 7-8 години, бев страствен навивач на фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда од Белград. Бев “ѕвездаш”.

А зошто баш за Ѕвезда, ќе праша некој ?
Па затоа што татко ми навиваше за Ѕвезда.

Другар ми од друга страна, навиваше за Партизан, тој беше “партизановец”.

А зошто па тој партизановец?
Затоа што брат му навиваше за Партизан.

Ете така ги креиравме тие наши идентитети.

Оти “така ни текнало”, шо би се рекло.

Без многу размислување, без свесност за процесот, само прифаќање.

Но затоа па, поради нив често влегувавме во расправии.
Се инаетевме, се докажувавме, а понекогаш дури доаѓаше и до конфликти, околу тоа чиј тим е подобар.

И ајде да ве прашам сега од ова перспектива…чиј тим е подобар? 🙂

Свесност за идентитетите

Идентитетот може едноставно да се разбере со формулата:

Идентитет = Мисла + Верување + Повторување

Мисла

Прво се појавува мисла. Бидеќи идентитетите постојат само во менталната димензија, мислата е основата на нивното создавање.

Верување

Но таа сама по себе не е доволна. Само откако ќе поверуваме во неа, таа станува дел од нас, дел од нашата ментална слика.

Повторување

Преку повторувањето, се зацврстува. Па ако престанеме да ја повторуваме, идентитетот почнува да бледее…и со време може целосно да отпадне.

Така доаѓаме до заклучок:
колку и да изгледаат силни идентитетите, нивната основа е само една мисла во која сме поверувале.

Зошто е важно да станеме свесни за идентитетите?

Затоа што голем дел од човечкото страдање произлегува токму од идентификацијата со нив.

Пример:

Ако се идентификувам како навивач на Црвена Ѕвезда:

– кога ќе победи, чувствувам задоволството
– кога ќе изгуби, чувствувам тага, разочараност, огорченост

Додека си асоциран со идентитетите, тие претставуваат сериозен дел од твоето постоење.

Но како почнуваш да го губиш интересот, тие суптилно отпаѓаат, затоа што ја завршиле својата функција.

Зошто воопшто ни се потребни?

Идентитетите, иако се изворо на страдање, тие не се грешка.
Имаат конструктивна улога во еволуцијата на свесноста.

Преку нив ние растеме, се обликуваме, се поврзуваме со нешто поголемо од нас.

Колку повеќе луѓе се идентификуваат со некој идентитет, толку е посилна неговата “енергетска структура”.

И кога сме дел од неа, се чувствуваме посигурни, посилни, заштитени.

Каде настанува проблемот?

Со текот на времето, она што ни помогнало да се изградиме, сега почнува да нè ограничува.

Зошто?

Затоа што идентитети се несвесни по природа.

Тоа особено доаѓа до израз во фазата на индивидуализација, каде што треба во голем дел да ги освестиме.

Иако идентитетите се цврста потпора во почетокот, ако не ги освестиме кога ќе се јави потреба за тоа, стануваат нашата главна препрека на “Патот на Душата”

Прашање за крај:

Кој си ти, ако ги тргнеш сите твои идентитети?

Твој напредок
75%