Свесност – Чекор 8 од 20
ЈАС – центарот на нашето постоење
Постои ЈАС.
Постои ТЕЛО.
Постои РЕАЛНОСТ како надворешен свет.
Ова ЈАС престојува во телото и го користи како возило за движење низ реалноста. Додека телото е возилото, ЈАС е тоа што управува, шоферот што го насочува правецот и ја доживува надворешната реалност.
Ова е истото тоа ЈАС што ги слуша мислите, што ги чувствува емоциите, што го набљудува светот.
Секој од нас луѓето има свое ЈАС, дури и животните имаат.
Всушност, секое живо битие во овој универзум има вакво ЈАС.
Ова ЈАС, навидум обично, секојдневно, всушност е најголемата мистерија во универзумот, што не знам дали некогаш ќе биде целосно осознаена.
Зошто?
Затоа што никој не знае:
Што точно е ова ЈАС?
Кое е неговото потекло?
Што прави ова ЈАС тука?
Целта на овој мој проект е подлабоко да ја истражиме неговата природа и да ги откриеме неговите различни состојби на свесност.