Свесност  –  Чекор 20 од 20

Заклучок

Во главниот текст укажавме како ЈАС гради ментална слика за себе и како потоа почнува да се идентификува со неа.

Преку тој процес, ЈАС постепено го менува својот идентитет и станува ментално битие кое го нарековме Менатлен Јас.

Тука е интересно да се забележи дека цело време ние сме тие што ја градиме менталната сликата, а сепак немаме свесност за тоа.

Немаме, затоа што свесноста се суспендира во моментот кога ЈАС останува заробено во умот, односно во менталната димензија.

И тоа е почетокот на менталната машина, тој бесконечен циклус на размислување.

Додека сме во оваа состојба, ние не знаеме дека размислуваме, едноставно ние сме мислата и тоа е се. Ние сме умот.

Проблемите постојано се редат, еден по друг и никако не намалуваат. Никогаш не завршуваат за да можеме конечно малку да здивнеме, да застанеме, да се одмориме.

Изгледа познато, нели?
Кај сите луѓе е речиси исто!

Најинтересната работа овде е тоа што изворно потеклото на ЈАС е од божествена природа.

Тоа е духовно битие, кое поради недостаток на свесност, си “мисли” дека е нешто друго.
Си мисли дека е Менталниот Јас.

Каков превид!

Овде се случува огромен превид, длабок психолошки феномен, кој кога ќе биде согледан од повисоко ниво на свесност изгледа речиси неверојатно.

Но иако Менталниот Јас е несвесно креиран идентитет, тој не е грешка во човекот, туку е неопходна фаза во еволуцијата на свесноста.

Неговото постоење е апсолутно потребно за природниот тек на човечката еволуција.

Зошто?

Затоа што без него нема да има сепарација.

А без таа сепарација нема да има можност за индивидуализација.

Без индивидуализацијата нема оделување од колективниот ум.

А без одвојување од колективниот ум, нема надминување на менталната реалност.

И конечно, без надминување на менталната реалност, нема слобода.

Слобода.

Дали можеби сето ова е заради слободата?
Дали слободата е целта на духовниот пат?
Дали слободата е тоа што длабоко во себе ја посакува секое човечко битие?

Но слобода од кого?, ќе праша некој.

Слобода од умот.
Слобода од сопствениот ментален идентитет.
Слобода од несвесноста.

Твој напредок
100%

Честитки,

Стигнавте до крајот на овој дел од патот.

Ако барем мал дел од ова што го прочита стана живо искуство во тебе,
тогаш патот веќе е започнат.

И тој пат… секогаш води назад кон тебе.