Свесност  –  Чекор 10 од 20

Детското Јас

Во раната возраст на човекот, додека е дете, па сè некаде до почетокот на тинејџерските години, ЈАС има многу добра поврзаност со сегашниот момент и е прилично свесно за сè што се случува околу него.

На пример:

Детето седи на подот и си игра со играчка, а во исто време целата соба ја исполнува со своето внимание и слуша сè што се зборува.

Преку овој пример ја опишавме отвореноста на детската свесност.

Карактеристично за сите деца е тоа дека тие се чисти, искрени, нежни, отворени.

Други важни особини на детската природа се:
спонтаност, живост, љубопитност, радост без причина, присутност во моментот.

Кај нив нема калкулација и нема маски.

Но најважното од сè, е тоа што тие длабоко чувствуваат.

Па така може да се каже дека децата, додека се мали, се вистински духовни битија.

Друг пример:

Детето може со часови да гледа една мравка како оди по земјата и да биде тука во моментот, заедно со мравката.
За него тоа е цел универзум.

Ете тоа е Детското Јас и тоа е нашата природана состојба.

Или барем некогаш била.

Но каде е сега таа детска природа?
Дали сè уште е тука?

Да.
Таа е тука, некаде длабоко во нас и чека повторно да биде откриена.
Повторното пронаоѓање на детската природа е дел од духовниот пат.

Но и покрај ова нивна, речиси совршена состојба, има нешто што им недостига на децата, од еволутивна гледна точка.

Што е тоа?
Им недостига развиен ум, кој може да се носи со секојдневните животни предизвици.

Твој напредок
50%