Свесност – Чекор 9 од 20
Што е ЈАС
Сите луѓе имаат свое ЈАС.
Тоа ни дава самосвест, способност да знаеме дека постоиме.
Од друга страна, ЈАС е чувството на внатрешен идентитет што го носиме.
Ти што го читаш ова сега, ти си тоа ЈАС.
Но што ќе одговориш ако некој те запраша:
– Кажи ми, кој си ти?
Најверојатно одговорот би бил:
Јас сум човек, маж, татко…
Јас сум програмер, адвокат, доктор, колега…
Јас сум битолчанец, јас сум син на мајка Македонија, шо би се рекло.
И сите овие одговори се вистина.
Тие претставуваат различни идентитети со кои ние се идентификуваме и сето тоа е во ред.
Но дали навистина тоа си ти, или тоа се само улоги што ги играш во животот?
А на кого точно се однесуваат овие улоги?
Има ли некој позади нив?
Токму за ова ќе дискутираме во текстовите што следуваат.
Твој напредок
45%