Реални искуства на клиенти
Различни луѓе го доживуваат процесот на различен начин.
Ова се дел од пораките и искуствата споделени после сесиите.
🟢 Олеснување и смирување
„Одма осеќам олеснување, навистина.“
— Петар
„Убаво се осеќам после сесијата.
Некако посмирено.“
— Наташа
„Мислам дека болката во ногата сега е 0 и се осеќам добро.
Фала ти повторно за помошта.“
— Пеце
„Се чувствувам полесно.
Помалку се лутам или барем не е толку интензивно.“
— С.Х.
„После две сесии забележав релаксираност и поголемо спокојство во текот на денот.
Интересно е што стравот од животни сè уште постои, но начинот на кој се манифестира е значително поинаков.
Повеќе не реагирам како претходно.“
— Клиент
🔵 Реакции и процес
„Првата ноќ имав несоница.
Потоа се чувствував поспокојно.“
— Клиент
„Се чувствувам подобро и посмирено.
Првиот ден бев пораздразлива, но потоа станав многу подобро.
Исто така бев поспана и ми требаше повеќе одмор.“
— Александра
„Излегоа многу стари емоции на површина.
Во споредба со минатата недела, сега се чувствувам подобро.
Имаше и еден потежок ден во текот на процесот.“
— Вики
„Овој втор третман, изгледа малку потешко ќе го поминам.
Осеќам тежина во градите, ми се плаче.“
— Христина
🟣 Промени во однесување и свесност
„Ми одговараат сесиите, добро ми е.
Сфаќам колку емоции сум натрупала последниве месеци без да ги обработам.“
— Симона
„После сесијата успеав да направам промени што долго време ги одложував.
Едноставно ги раскинав непожелните врски.“
— В.Р.
„Забележувам зголемена свесност и промени по сесиите.
Емоциите кон одредени луѓе се поинтензивни, но истовремено појасни.
Исто така донесувам одлуки што претходно ги одложував.“
— Б.М.
„Приметив дека немам одредени cravings за храна како порано.
Исто така, имав една случка каде во сообраќајот еден човек зема да ми вика и излезе од кола, но јас не реагирав.
Не се ни налутив, ниту се уплашив… само набљудував.“
— С.Х.
„После сесиите забележувам поголема одлучност при донесување одлуки.
Се појавува чувство на среќа и исполнетост без разлика на надворешни настани.
Исто така сум многу посвесна за околината и комуникацијата, и имам поголема почит кон себе.“
— Биљана
🔴 Длабока лична промена
„После пет сесии, како да сум друга личност, некоја подобра верзија од мене.“
— Петар
„Кога човек ќе почувствува дека нешто му прави добро, тоа нема цена.
Јас тоа го осеќам.“
— Горан
„Откако почнав да работам со тебе, сè помалку сум во мислите и емоциите, а сè повеќе чувствувам мир и спокојност.
Некако како да се враќам кон себе.
Фала ти многу Тони… јас повеќе не сум истиот човек.“
— Роберт
Изворни пораки:
(Одбери Лична или Тивка сесија)
Напомена
Овој процес не заменува медицински или психолошки третман, туку служи како поддршка за внатрешна рамнотежа и личен развој.