Се е во ред

Веќе неколку години работам емоционално исцелување со луѓе и често пати се фасцинирам од тоа како стојат работите во реалноста. Ништо не е така како што изгледа на прв поглед, односно како изгледаат работите гледајќи од надвор.
 
Без разлика на општествениот или материјалниот статус, нема човек, повторувам, нема човек кој не е потиснат на ваков или таков начин, кој не носи одредена тежина, одредена мака, нелагодност.
 
Често пати сум размислувал за ова и дојдов до заклучок дека човечката психа е многу деликатна работа и како таква треба нежен и љубовен пристап кон истата. Но пред се треба разбирање и отсуството на било какво осудување.
 
А да, и во едно нешто сум апсолутно сигурен, тоа е дека креаторот точно знаел што прави кога го креирал универзумот и како да ги поврзе работите една со друга.
 
Така да колку и да ни изгледа животот ваков или таков, фер, нефер, мачен, страдален….
 
СЕ е во ред!
Така требаше да биде!
Таква е замислата!
 
И кога ќе се ослободиме од идејата дека постојано треба да ги исправуваме работите, оти вака не чинат, нели 😊
единственото нешто што ни преостанува е да се опуштиме и предадеме на сегашниот момент.
 
И тогаш е почетокот на Чудата!
 
Абе ве сакам сите ❤️🤗 шо да ви кажам друго.