Денес го добив ова прашање и тоа ме инспирира за овој статус.
Ако сте ги прочитале или изгледале последните видеа од “Патот на Душата”, сосема нормално е (и многу пожелно) да се запрашате за веродостојноста на приложените информации.
Знам дека тие, на прв поглед може да делуваат сулудо, ама сепак има логика во сето тоа или барем јас покушавам логички да ги поврзам работите колку што се можи.
Душите престојуваат во поинаква димензија од нас луѓето.
А каква е таа димензија?
Ако ја земеме за ориентација првата книга од Библијата со име Битие и ги разгледаме следните стихови:
“Создавање на небото”
6. Потоа Бог рече: “Нека има свод/пространство среде водата и тој да разделува вода од вода“
7. И создаде Бог свод; и ја одвои водата што е под сводот од водата што е над сводот. Така и стана.
8. И сводот Бог го нарече небо. И настапи вечер и настапи утро – втор ден.
“Создавање на Земјата”
9. И Бог рече: “Нека се собере водата, што е под небото на едно место и нека се појави копно!“ И стана така.
10. Копното Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече мориња. И виде Бог дека тоа е добро.
Според овој опис и според моите искуства, душите престојуваат во место што е насловено како “водата што е над сводот”.
И овде стигнуваме до еден многу интересен момент, затоа што во академските теолошки и научни кругови не се прифаќа постоење на буквална “вода над сводот”.
Но моето искуство е поинакво и вели дека постои!
И не само што постои, туки во некои од наредните видеа имам намера да ви елаборирам како се стигнува таму.
Но за да можеме да го разбереме тој пат, ќе треба претходно да ја обработиме темата “Свесност”, за да ја сфатиме природата на реалноста и да имаме ориентација каде се наоѓаме ние во сето тоа.
Ви благодарам за вниманието и следете ги наредните видеа, ако ве интересираат овие теми.![]()