Процес за Враќање во Себе
Од живот во умот
кон живот во сегашниот момент.
Овој процес е созаден за:
- ослободување на емоционалната тежина
- зајакнување на присутноста
- постепено отворање на нашето духовно срце
И директно води кон состојба на
- поголема свесност
- внатрешен мир
- љубов
- слобода
Што се случува
Голем дел од нашето живеење се одвива во умот.
Во мисли, анализи, потрага по одговори.
И иако тоа изгледа нормално,
често носи внатрешен немир,
несигурност, стравови, чувство дека нешто недостасува.
Но постои и друг начин на живеење,
во кој си присутен, тука, во сегашниот момент.
Животот во сегашниот момент е
живот на мир, тишина, исполнетост.
Затоа што целосно ја прифаќаме реалноста,
таква каква што е.
Преминот од едниот во другиот начин на живот,
не е нешто што се случува преку теорија,
туку преку постепен процес.
Понекогаш краток.
Понекогаш долг колку животот.
👉 Тоа е процес
во кој постепено отпушташ
дел од тежината што ја носиш во себе
и природно се враќаш во состојба на:
- мир
- јаснотија
- присутност
👉 Тоа е процес за постепено
Враќање во Себе.
Како се случува
Ова не се случува преку сила.
Се случува кога ќе си дадеш прилика:
- да застанеш
- да освестиш
- да почувствуваш
- да дозволиш
👉 телото знае како да отпушти
кога му се дава услов.
Мојата Улога
Мојата улога не е само да ти дадам одговори на овој пат.
Туку да создадам простор во кој ќе
можеш да се вратиш во себе.
Оваа поддршка ја изразувам преку:
- Индивидуални сесии
- Групни сесии
- Работилници
И сите се дел од истиот процес:
👉 Враќање во Себе
Што може да се појави низ процесот
Со текот на сесиите, многу луѓе забележуваат:
- повеќе мир и внатрешна смиреност
- чувство на леснотија во телото
- спонтана поврзаност со себе и другите
- поголема јасност и присутност во секојдневието
- постепено враќање во себе
👉 не како идеја, туку како директно искуство.
Искуства на клиенти:
„Забележувам зголемена свесност и промени по сесиите.
Емоциите кон одредени луѓе се поинтензивни, но истовремено појасни.
Исто така донесувам одлуки што претходно ги одложував.“
— Б.М. (реално искуство)
Едно мое лично искуство:
„Во еден период од мојата работа на себе, почнав да забележувам нешто неочекувано.
Во сосема обични ситуации, додека возам, гледајќи луѓе или животни, се појавуваше чувство на топлина и радост, без причина.
Како да исчезнува дистанцата.
Но ова не е нешто што се форсира.
Се појавува природно, кога ќе почнеш да отпушташ дел од тоа што го носиш во себе.“
За кого е
Овој процес е за тебе ако:
- чувствуваш дека постои нешто подлабоко во тебе
- сакаш повеќе присутност и поврзаност со себе
- сакаш да излезеш од постојаното живеење во умот
- те интересира вистинска внатрешна промена
- чувствуваш повик кон враќање во себе
За кого не е
Овој процес можеби не е за тебе ако:
- бараш брзо решение без подлабока работа
- не чувствуваш подготвеност да погледнеш навнатре
- сакаш само да разбереш со умот, без директно искуство
И тоа е во ред.
Секој човек има свој ритам и свој момент.
Сакаш да започнеш поедноставно?
Не мора веднаш да влезеш во длабок процес.
Понекогаш, доволно е да започнеш со повеќе мир, простор и олеснување.
👉 [Погледни: Внатрешен Мир]
Започни сега
Можеш да продолжиш да бараш…
или можеш да започнеш процес
низ кој постепено ќе почнеш
да се враќаш во себе.
Како можеш да започнеш?
Избери го начинот што најмногу ти одговара:
🔵 Тивка сесија (без разговор)
Ослободување на далечина, без портеба од зборување
🟢 Лична сесија
Сесија со физичко присуство
🌿 Процес во 6 сесии
За подлабока постепена промена.
Како изгледа реален процес
Прочитај како изгледа искуството на една личност која помина низ повеќе сесии.
Ова не е нешто што мора веднаш да го направиш. Но ако чувствуваш дека е време да се вратиш во себе, патот постои.
НАПОМЕНА
Овој процес не заменува медицински или психолошки третман, туку служи како поддршка за внатрешна рамнотежа и личен развој.