Свесност – Чекор 6 од 20
Сонување - животот во менталната димензија
Колку повеќе престојуваме во умот, толку повеќе влегуваме во состојба на не-свесност.
Но ова состојба, по своите карактеристики е многу блиска до состојбата на сон.
Затоа уште можеме да кажеме:
кога животот го живееме првенствено во умот, на некој начин ние сонувамe.
Дали ја заклучив вратата?
Каде го оставив клучот?
Ја исклучив ли пеглата?
Па како ќе знаеш…кога си во сон.
Во сонот на менталната реалност.
Нашиот „сериозен живот“, на кој му придаваме толку значење, излегува дека во голема мера е само една форма на ментално сонување.
Тоа не е ноќен сон, туку дневен.
Буден сум, ама сонувам.
И тука секој од нас треба искрено да се запраша, колкав дел од денот поминува во умот?
Живееме ли ние воопшто?
Или само сонуваме дека живееме?
Се надевам дека сега можеме да ја согледаме вистинската вредност на присутноста.
И се надевам оти полека станува јасно, дека таа е единствената врата за излез.
За излез од менталната реалност.
За излез од затворот на умот.
За излез од сонот.
Биди присутен.
Биди присутен колку што можеш повеќе.
Не за да станеш нешто посебно или нешто величествено, туку за да престанеш да сонуваш.
Колку повеќе сме будни во моментот, толку повеќе навистина живееме.
Од духовна гледна точка, квалитетот на живот не се одредува со тоа колку пари имаме, ниту каков успех сме постигнале.
Се одредува со каков степен на присутност го живееме.
Да се биде подолго присутен воопшто не е лесен процес, но нажалост нема друг пат.
Сè друго е само пролонгирање на менталната реалност, пролонгирање на сонот.
Биди присутен.
Тука и сега.
Чувствувај.
Тоа е полнотата на животот.