Би сакал да споделам, едно мое видување за природата на реалноста, односно светот во кој што живееме.
Инспириран од некој пријатен момент, понекогаш можам да доловам многу интересна опсервација: Се што гледаме, луѓе, животни, растенија, планети, ѕвезди, се тоа е изградено од една иста супстанца, која што е божествена во својата природа.
Навлегувајќи подлабоко во опсервацијата, доаѓаме до сознание дека тоа што го посматраме е всушност едно исконско, љубовно, божествено битие со своја свест.
Битие кое постои немо и неподвижно во својата бесмртност, трпеливо чекајќи да биде спознаено од нашата свесност.
Ако продреме уште подлабоко, сфаќаме дека тоа битие сме ние самите.
Јас сум тоа битие.
Ти што го читаш ова,
и ти си тоа битие.
Сите ние сме едно.
Сити ние сме љубов во својата природа,
но на некој мистериозен начин
сме го заборавиле тоа.