Факт е дека луѓето што се поинтелигентни, повеќе страдаат во животот.
Но спротивно на општото мислење, дека тие подобро ја согледуваат реалноста, јас лично сметам дека изворот на нивното страдање лежи во самите нив.
Зошто?
Затоа што со нивната интелегенција и нивното его е пософистицирано, па има безброј начини да ги шигари (зеза, измачува)
За ова категорија на луѓе, ако сакаат навистина да се ослободат од страдањето, јас не гледам друг начин освен да тргнат по патот на себеспознавање.
Само преку тој пат можат да го разделат Вистинското Јас од лажното Его-Јас.
Додуша можи и со отстранување на заглавените емоции да се издејствува ослободување од притисокот. Но сепак ако не се разбере суштината на проблемот, прашање на време е кога нашето его ќе смисли нов начин за торчирање (измачување)
И притоа сакам да кажам дека јас не го гледам егото како нешто негативно, туку како многу битен дел од нашата психа кој што се развивал во темнина, а тоа значи се развивал во отсуство на љубов.
И пак стигнавме до љубовта.
Љубов, мме, Љубов!
Но каде е љубовта?
Негувајте го чувството на љубов и држете го што можете подолго во вашата свесност, секојдневно. А изворот на тоа чувство воопшто не е битен.
Може да биде љубов спрема партнерот, љубов спрема децата, спрема домашните миленици, спрема комшиката , љубов спрема Бог…
И на крај, најважната од сите, љубовта кон самиот себе!
Бидете Љубов!
Зошто колку повеќе љубов, толку помалку страдање.
И така се додека не го снема целосно.