Денот кога нашата љубов ќе биде отфрлена или неприфатена е денот кога несвесно го затвораме нашето срце.
Го правиме тоа за да ја намалиме болката, за да преживееме тој момент.
И тоа е природно, разбирливо и сосема човечки.
Но тоа затворено срце веќе не функционира со својот полн капацитет.
Не ја чувствува убавината на креацијата, не го живее потполно животот.
Како повторно да го отвориме нашето срце?
Простете!
Можеби нема да можеме веднаш.
Можеби ќе треба време, тишина и смелост.
Но да не чекаме предолго.
Колку побрзо простиме, толку подобро за нас.
Со простувањето, две души се ослободуваат.
Како старееме, се повеќе сфаќаме дека животот е краток и врви како да бил еден миг.
Не вреди да се занимаваме со никакви други чувства, освен убавите.
Простувајте и повторно отворето го срцето за љубовта.
Со тек на време, низ тоа срце ќе протече и Божјата Љубов, и ќе ви покаже дека болката била само врата кон нешто поголемо.