Како работи умот?

➡️ ️Епизода 2: Како работи умот?

Во претходното видео го најавив постоењето на битието што го именував како мојата душа и ви прикажав како првично изгледаше мојата потрага по неа.

Пред да продолжам понатаму со излагање на повеќе информации околу душата, ќе треба претходно да разгледаме неколку битни работи, од кои првата е како работи умот?
Или поточно како работи сеќавањето во умот, односно како се присетуваме на некои настани од нашето минато.

И така доаѓаме до поимот асоцијација или асоцијативно поврзување, па да го разгледаме малку повеќе овој поим.

🌀️ ️Асоцијативно поврзување

Кога ќе дојдеме во допир со некаква информација, нашиот умот веднаш по асоцијација може да не однесе на некој настан од нашето минато и да ни прикаже одредени импресии од тој настан, кои патем можат да бидат проследени со соодветни чувства, пријатни или непријатни.

Овие информации можат да бидат говорни, визуелни, може да биде некој мирис или некој вкус, а често се случува да биде тоа и некоја музичка нумера, особено некоја романтична или љубовна песна што ќе ни евоцира спомени од нашето минатото.

Значи сеќавањата во умот работат по принципот на асоцијација или уште можеме тоа да го наречеме и асоцијативно поврзување.

Да разгледаме сега неколку примери.

1️⃣️ ️Пример 1 – Говорна асоцијација:

Се среќавам на улица со еден пријател од младоста, што не сум го видел долго време и онака додека си муабетиме едно време ме прашува:
Се сеќаваш ли кога бевме на одмор во Претор?

Импресија:
Ехх Претор, кога езерото сеуште не беше повлечено, летувањето таму беше многу интересно. Се сеќавам дека водата беше убава за капење, имаше многу луѓе по плажите, а навечер се правеа добри забави со акустични гитари, на некоја клупа обично или на некое кајче извадено надвор од езерото.

Уште се сеќавам дека во тоа време и сонцето сеуште светеше жолто!
Што се случи во меѓувреме, како од жолто стана бело, не ми е сосема јасно, иако си имам своја теорија, меѓутоа сега нема да дискутирам за тоа бидејќи не е духовна тема, па можеби во некое друго видео 🙂

2️⃣Пример 2 – Визуелна асоцијација:

Слика од Базука мастика.

Импресија:
Кога ќе ја видам ова слика, мојот ум веднаш ми вади некои спомени од моето детство, на пример кога дома ќе си најдиш пет денари во некоја фиока, па со трчање одиш на продавница да си купиш мастиче.

Се сеќавам уште дека овие мастики можеа да бидат малку незгодни за џвакање, оти беа дебелки и многу тврди, па ако не беше топло времето ќе треба малку повеќе да внимаваш како џвакаш за да не искршиш некое запче….еххх мастиките од детството 🙂

3️⃣Пример 3 – Музичка асоцијација:

Песна: Can’t Take My Eyes Off You

Рефренот:

I love you, baby
And if it’s quite alright
I need you, baby
To warm the lonely night
I love you, baby
Trust in me when I say
Oh, pretty baby
Don’t bring me down, I pray
Oh, pretty baby
Now that I’ve found you, stay
And let me love you, baby
Let me love you

Импресија:
Секогаш кога ќе ја слушнам ова песна ме потсеќа на времето кога бев студент и кога патувавме со возот Скопје-Битола. Една вечер си направивме таква убава забава на ова песна, толку беше весело, сите распеани, разиграни, што и ден денес ми се навраќаат убави спомени.
Поздрав до друштвото ако го гледаат ова видео!

Ете тоа е таа асоцијација и така работи умот кога се сеќаваме на настани од нашето минато.

И сега стигнавме до главниот дел на ова видео и за таа цел сакам да поставам едно многу интересно прашање:

🌻️ Дали со помош на асоцијација можеме да се сетиме на некој настан, кој не е од нашето минато, туку е од нашата иднина?

Колку и да изгледа тоа неверојатно, мене ми се случи!
Немам објаснување, не знам како, но се случи!

После една музичка асоцијација, јас успеав да се сетам на еден многу битен настан, кој што не беше дел од моето минато, туку на накој начин можеме да речеме, дека беше дел од мојата иднина.

🍀 ️И кој е тој настан?
Се сетив на постоењето на мојата душа!

И пред да почнам да зборувам за моето неверојатно искуство, треба претходно да ви образложам уште една важна работа, а тоа е како изгледаше околината во која што се случи тој настан. Но за тоа ќе треба да го изгледате наредното видео, кое што е насловено “Моќта на тишината”.

Ви благодарам што ме слушавте и се гледаме наскоро.