FAQ – Често поставувани прашања
Прашања кои даваат повеќе одговори
Што ако не знам што да кажам?
Не треба да подготвуваш ништо однапред.
-Личната сесија е водена и јас те носам низ целиот процес.
-Тивката сесија е без зборување.
Колку сесии се потребни?
Секој процес е различен и нема универзален одговор.
Кај некои луѓе олеснување се чувствува уште по првата или втората сесија, додека кај други процесот бара повеќе време. Сè зависи од индивидуалната состојба, животните искуства и степенот на потиснати емоции.
Нема притисок, ти одлучуваш.
Дали ова е терапија?
Не.
Ова не е медицински или психолошки третман.
Процесот е насочен кон емоционално ослободување, внатрешна рамнотежа и поголема присутност.
Дали е безбедно?
Да.
Процесот е нежен и се одвива со твоето темпо.
Ништо не се форсира.
Што ако не почувствувам ништо?
И тоа е во ред.
Промените не секогаш доаѓаат како силно искуство.
Понекогаш се појавуваат постепено, како повеќе мир, помалку напнатост или чувство на олеснување.
Што ако сум скептичен?
Тоа е сосема нормално.
Не треба да веруваш во нешто однапред.
Доволно е да бидеш отворен да искусиш.
Што може да се појави во процесот?
Кај некои луѓе може да се појават:
– чувство на ослободување
– повеќе мир или смиреност
– леснотија во телото
– замор или потреба за одмор
– спомени или стари ситуации
– краткотраен немир или чувствителност
Секоја реакција е индивидуална и најчесто е привремена.
На моменти ми доаѓа да плачам. Дали е тоа нормално?
Да.
Понекогаш, кога почнува да се ослободува емоционална тежина, може да се појават емоции како тага или потреба за плачење.
Тоа не е проблем, тоа е дел од процесот.
Дали е во ред ако ми се приспие за време на сесијата?
Да.
Многу луѓе чувствуваат длабока релаксација и им се приспива.
Тоа е сосема нормално.
Дали морам да продолжам со повеќе сесии?
Не.
Една сесија е доволна за да започне процес.
Продолжувањето е избор, не обврска.
Дали треба нешто после сесија?
Во првите 1–2 дена, препорачливо е да си дадеш малку повеќе простор и помирно темпо.
Ако можеш:
– избегнувај непотребни конфликти или стрес
– одмори се повеќе
– пиј повеќе вода
– слушај го телото
Ова не е правило, туку поддршка процесот да тече полесно.
(Одбери Лична или Тивка сесија)