Премудрост

“You have to keep breaking your heart, until it opens”

– Rumi

Каков ли е овој свет и колку само мистерии крие?
Каква ли е таа мудрост на Бог, кога го замислил сето тоа да биде баш вака.

За што зборувам?
За повредените срца.

Верувам дека нема срце кое не го осетило горкиот вкус на страдањето, кое не ја почуствувало болката предизвикана од надворешните околности, било да е тоа од љубовна природа или некој друг немил настан, кој оставил длабок рез во нашето срце.

Иако сум го слушнал тоа неколку пати до сега, сеуште не сум го разбрал во вистинска смисла на зборот.

А тоа е: срце кое не страдало не може да ја препознае милоста.
Срце кое не страдало, не може да има сочуство кон другите луѓе, кон животните, природата, постоењето.

Колку е поголема болката што ни е нанесена, толку подлабоко ја осеќаме.
Но истовремено оваа болка прави долг пат во нашата внатрешност, кој води директно до Божјата љубов.

Тој што најмногу не повредил, всушност најмногу не благословил!

Премудрост!