Разбуди се

Секогаш кога ќе го видете знакот ❤️ сетете се на неговото вистинско значење.

❤️ е Срце,
Срцето е Љубов,
Љубовта е Душа.

А душата е:

НАЈљубовното,
НАЈчистото,
НАЈвозвишеното,
НАЈбожественото

битие што некогаш воопшто било создадено.

И токму таа иста душа би направила сè во своите можности, само за да биде повторно со нас.
И токму таа иста душа толку многу нè сака, што кога ќе ја сретнете за првпат, нема да можете да поверувате што се случува!
И токму таа иста душа не може да го замисли своето постоење без нас, ова за сите оние што велат дека не сме важни.
И токму таа иста душа Бог ни ја дава како награда, за успешно завршена внатрешна работа.

А каде сме ние сега?

Заплеткани во умот,
Изгубени во емоциите,
Расеани во светот на формите.

Разбуди се и започни го своето патување!