Повторно раѓање

”Доколку не се родиш повторно, нема да го видиш Божјото кралство”.
– Јован 3:3

Би сакал малку да продискутирм на темава, можеби некому ќе му отвори ново разбирање.

Што значи да се родиш повторно?
За да разбереме што сака Јован да каже со ова, треба да се запрашаме што значи да бидеш роден или што означува поимот раѓање?

Да се родиш, значи да влезиш во нова димензија, во која претходно не си постоел.
И за да го направиш тоа, мора да добиеш ново тело како средство за движење и искуство во таа нова димензија.

Раѓањето е единствен начин да се влезе во овој свет, на земјата.
Раѓањето е исто така единствен начин да се влезе во Божјото кралство.

Тоа значи дека буквално треба да се родиш таму, односно да добиеш ново тело, во еден нов свет, и со тоа го започнуваш своето бесконечно патување низ димензијата на љубовта.

Дали навистина постои такво место?
Апсолутно!

Можеме ли ние самите да го овозможиме тоа “Второ раѓање”?
Да.
Затоа сме тука на земјата, тоа е целта на нашиот живот овде.
Тоа е целта на милиони години еволуција, на сите наши животи низ процесот на реинкарнација.

Да, ова последното може да звучи шокантно, особено за религиите што не ја признаваат реинкарнацијата. Жал ми е за тоа, но за мене тоа е непобитен факт, докажан искуствено.

Како да се родиме повторно?
Со живеењето на земјата и со мудро соочување со проблемите што животот ги става пред нас.

Се што се случува во нашиот живот има јасна цел, а тоа е прилика за развивање одредени кавалитети на личноста, квалитети кои се неопходни за “Второто раѓање”.

Тие квалитети се: свесност, јачина на духот, понизност, смиреност, нежност, љубов.

Според мене, најважна од сите е свесноста, затоа што без неа дури и не можеме да регистрираме дека тој свет постои.

Значи за да можеме да влеземе во светот на љубовта, треба да станеме љубов.
И тоа уште тука, додека сме на земјата.

Имајќи го во предвид погоре кажаното, наместо постојано да се жалиме за нашите проблеми и да играме улога на невини жртви, подобро би било да погледнеме на се што ни се случува од поинаков агол и длабоко во нас да се запрашаме:

Зошто се случува ова?
Каде ме води?
Што треба да развијам?

И одговорот секогаш ќе дојде.

Ти благодарам Господе што постојано ни го покажуваш патот
Нека биде љубов.
Нека биде мир.
Нека биде светлина во нашите животи!