За Вистината/Бог

Знаете ли што е потребно за да стигнеме до Вистината/Бог?

Ништо!
Во буквална смисла.

Не требаат духовни учења, не требаат учители, не требаат спасители.

Што ни треба тогаш?
Ништо не ни треба!

Ама во ова ништо спаѓа и нашиот ум.
Tој најмалку ни треба во овој случај, и не само тоа, туку умот претставува и најголем проблем за да стигнеме до Вистината/Бог, односно тој самиот е најголемата пречка.

Зошто?
Затоа што тој “знае”!

Умот знае се: знае што треба, знае што не треба, знае што чини, знае што не чини…
Со тоа негово “знаење”, креира еден вид Виртуелна Реалност (ВР) која е само бледа копија на вистинската реалност.

Ова виртуелна реалност (ВР) е исто така поддржана од другите умови и со различни конверзации, дискусии, пренесување на различни погледи, видувања, се одржува во живот.

Колку повеќе луѓе учествуваат во тој процес, толку посилна е нејзината структура и воедно толку е потешко да се разбие таа ВР.


Но нема ни потреба од разбивање, нека си стои и нека си делува, си има таа реалност своја улога, затоа и постои.

Тогаш каде е Вистинста/Бог?
Во ништото!

Ова ништо значи празнење на умот од се што смета дека знае, сите концепти, сите верувања, сите убедувања.

Ако успееме да стигнеме во таква состојба, каде сме го испразниле умот од се, само тогаш имаме можност да ја согледаме вистинската реалност/Бог.

Како се прави празнењето на умот?
Со правење на…ништо!

Psalm 46:10
“Be still and know that I am God”

Ова “still” во овој случај значи мирен, тивок, непокретен, без мрдање, не правење на ништо.

И сега преводот на Македонски би бил:

Псалми 46:10
“Не прави ништо за да дознаеш дека јас сум Бог”

Ете ја Вистината!