Ова што ви го пишувам за Бог и за љубовта не е само пуста имагинација на мојот ум, туку реалност. Постои пат за да се стигне до таква состојба на свеста.
Јас го именував “Патот на душата” и теоретски е прилично едноставен за следење.
Подоцна ќе го елаборирам во поголеми детали, но во кратки црти изглед вака:
1. Престани да ги повредуваш другите.
2. Престани да кукаш.
3. Моли се секој ден!
И не која било молитва, туку кратка и јасна:
Господе, те молам прости ми.
Зошто токму оваа молитва?
Бидејќи со неа преземаме одговорност за своите постапки и се оддалечуваме од улогата на жртва.
Ако ти е тешко да се молиш или едноставно не сакаш, во ред е, прескокни го тој чекор.
И јас кога бев млад, не сакав да му се обраќам на Бог.
А сега… сега не знам како би живеел ако не го чувствувам Неговото присуство.
Благодарност!