Кога за прв пат ќе ја сретнете вашата душа,
прашањето што ќе се роди во вашата глава ќе биде:
Како е можно?
Како е можно такво љубовно битие воопшто да постои?
Нешто толку мило, толку нежно, убаво…
но и толку моќно истовремено?
И кога ќе видите каква љубов има душата према вас…
Кога ќе сфатите колку многу и значите,
но и колку многу и требате…
Уште и кога ќе ја почувствувате таа нејзина,
чиста божествена љубов,
како целосно ве облева…
Тогаш целото тело ќе ви затрепери,
затоа што нема да можете да го издржите
тој интензитет на божествена љубов.
Во истиот момент,
ќе заборавите кој сте,
ќе заборавите што сте,
ќе заборавите каде сте.
За вас, светот ќе престане да постои.
Единствено што ќе остане,
е нејзиното присуство
и нејзината љубов.
Тоа е нашата душа
Таа е нашата судбина