Работење на себеси

Можеби е малку комплицирано да се разбере, но најголем дел од човештвото е несреќно затоа што нема љубов во нивните срца. а сето тоа благодарение на своите предрасуди за тоа како треба да изгледаат другите луѓе, односно какво треба да биде општеството, а не е!

И така доаѓаме до првата пречка:

  1. Разбирање

Треба да сфатиме дека луѓето не се совршени.

И не само тоа, не се ни во границите на некоја нормала, туку повеќето се потиснати од тежина, изгубени во проблемите, депресивни, анксиозни, загрижени, а останатите се надркани, арогантни и си мислат дека го држат Господ за ма*иња.

Ама шо да прам јас со сето тоа?

Но ако сепак успееме да ги видиме работите такви какви што се и ја согледаме реалноста без очилата на совршенството, тогаш неизбежно доаѓаме до втората пречка:

  1. Прифаќање

Мислам дека не треба да поседуваме голема мудрост за да сфатиме дека во една ваква ситуација ние како единка, немаме многу избор освен да се помириме со реалноста, ако сакаме да го добиеме внатрешниот мир.

Да напоменам дека ова што го кажувам е формула за внатрешен мир, а не за средување на општеството.

И ако во целата ова ситуација, уште успееме да се ставиме себеси во улога на нем посматрач, кој што не осудува туку само набљудува, момент по момент, ден по ден, ќе забележиме дека во нашето срце се раѓа сочувството за целата ова ситуација и за сите овие луѓе, кое покасно неизбежно ќе премине во љубов.

Овој процес се вика работење на себеси. 

Место да чекаме светот да се промени, ние сме тие што се променуваме и стануваме подобра верзија на себе си.

А има ли друг пат?