️Епизода 6: Мојата средба со душата – 3 Дел | Спојување и благодарност
Спојување
Јас сум имал неколку средби со мојата душа, но една од нив имаше посебно значење и делуваше просветлувачки на мене за многу духовни прашања.
Затоа што тоа не беше само обична средба, туку истовремено беше и спој. Спој помеѓу мене како човек, од една страна, и мојата душа како божествено битие, од друга страна.
Беше тоа:
Спој на два различни светови.
Спој на два различни облици на постоење.
Спој на навидум две различни битија, а сепак едно во суштина.
Божествена алхемија
Овој чин има неописливо значење во постоењето, затоа што се случува многу ретко и претставува една врста на божествена алхемија.
Алхемија преку која, Душата со помош на Духот, го добива своето раѓање во горната вода, односно водата што е над сводот. Истиот тој чин, за човекот претставува духовно просветлување тука долу на земјата.
И токму тогаш целосно се сетив кој сум јас како духовно битие. Се сетив која е вистинската смисла на моето креирање и зошто беа сите тие животи, низ толку многу различни форми на постоење.
Зошто го кажувам сето ова?
Постојат повеќе причини и сега ќе ви набројам неколку од нив.
Првата причина:
За да знаеме како изгледа величенствената средба на човекот со сопствената душа.
Втора причина:
За да сфатиме колку многу сме значајни во универзумот и колку е голем нашиот вистински потенцијал.
Третата причина:
За да ве известам дека без разлика на нашето минато, колку многу грешки да сме направиле, нашата душа има разбирање за сите наши проблеми, за сите наши страдања, за сите наши “погрешни” одлуки.
И пак, неизмерно не сака.
Затоа што нејзината љубов према нас, е безусловна.
Завршеток
Полека стигнуваме до завршетокот на овој серијал од шест видеа, што го имав замислено како отворање за енергиите на душата и тука би сакал да резимирам со неколку завршни мисли.
Завршни мисли
Што и да правиш во животот, колку многу и да бегаш, колку многу и да луташ, на крај повторно се враќаш кон својата душа, затоа што немаш друг дом.
Бидејќи со доаѓањето во ова физичка димензија, ја забораваме нашата душа, јас сакам да ве потсетам дека не сме овде сами и не сме тукутака фрлени на буниште.
Нашата душа е секогаш со нас, само треба повеќе внимание да обратиме на внатрешниот глас, да слушаме внимателно што ни зборува и каде не насочува.
Нашата душа е со нас од почетокот на времето и нестрпливо чека да ја завршиме својата духовна еволуција, за да можеме повторно да бидеме заедно.
И тогаш ќе сфатиме дека таа е делот што ни фали. Ќе сфатиме дека нашата душа е всушност, љубовта која исконски ни недостига уште од почетокот на нашето создавање. Љубов која сме ја барале насекаде во надворешниот свет, а таа цело време била тука, внатре во нас.
Благодарност
Иако сега, сеуште не сме свесни за тоа, ќе дојде ден, кога се ќе стане јасно и се ќе има смисла.
И во истиот тој ден, се ќе биде заборавено.
Сета наша тага…
Сета наша болка…
Сето наше страдање…
Во тие мигови на тотална исполнетост, но и мигови на бескрајна радост…чисто блаженство, единствените зборови што воопшто ќе можеме да ги изговореме, ќе бидат:
Ти благодарам, Господе! ![]()
(Музика)
-Ти благодарам Господе, за сите моменти што ми даде прилика да ги искусам.
-Ти благодарам Господе, што секогаш беше со мене, дури и тогаш кога мислев дека не си.
-Ти благодарам Господе, што ми помогна да ја спознаам вистината.
-Ти благодарам Господе, и целосно се предавам на вољата твоја.
Потрагата заврши!


Крај на серијалот “Патот на Душата – Отворање”.