Секогаш кога некој не повредува, тоа всушност го прави Универзумот/Бог преку таа личност, за да издејствува промена во нашата свесност, оти нема друг начин како да излеземе од кругот во кој што самите сме се затвориле со нашите мисли.
Секако тоа ќе биде личност која нас многу ни значи или личност од нашето блиско опкружување, оти само таквите луѓе можат навистина да не допрат, а притоа убаво да го осетиме тој допир
И потоа ние како ментални личности ќе почнеме да се запрашуваме зошто ми прават вака, што му имам згрешено и слични прашања, меѓутоа тој став е погрешен и никогаш нема да го најдеме одговорот ако размислуваме така.
Вистинското прашање треба да биде:
Што сака Бог/Универзумот да ми укаже со ова непријатно искуство?
Тоа значи да го насочиме вниманието кон нас самите, наместо кон другите луѓе и да почнеме да се преиспитуваме како личности.
Да ги преиспитаме нашите размислувања, нашите ставови, нашите убедувања.
Или со други зборови да почнеме да се себеспознаваме.