Промена

Ако си жив, без разлика во каква состојба си, дали си болен, депресивен, очаен…
Без разлика дали некој те разочарал, те повредил или те напуштил…

Сè уште имаш шанса за промена!

Но пред сè, едно нешто треба кристално да ти стане јасно:
Никој, ни на небото, ни на земјата, нема да дојде и да те спаси.

Не очекувај помош од никого, освен од себеси.

Ти си тој!
Ти си промената!

Излези од состојбата на беспомошност и почни да дејствуваш!

А првиот чекор, секогаш, е прифаќањето.
Прифаќање на реалноста, таква каква што е.
Без разлика дали ти се допаѓа или не.

Прифати.

Преземи тотална одговорност за твојот живот, без да обвинуваш никого.

Да, постојат луѓе што те повредиле или разочарале, прости им.
Но не дозволувај повторно да ти го направат истото.

И тогаш ќе видиш, на некој мистериозен начин, промената ќе почне да се случува!